Владата на САД го имаше најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата во јуни, бидејќи трошоците за програми за контрола на коронавирусот се зголемија, а даночните приходи паднаа, откако многу луѓе останаа без работа, соопшти Министерството за финансии на САД наведувајќи дека дефицитот во минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа земја, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари.
Сенатот го одобри економскиот пакет поради коронавирусот
За првите девет буџетски месеци вкупниот дефицит е 2,74 трилиони, што е исто така рекорд за ваков период. Со овие податоци, Конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 трилиони долари. Оваа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 милијарди долари поради светската економска криза.