Илјадници демонстранти излегоа на улиците на бугарскиот главен град Софија веќе петти ден барајќи, оставка на владата на премиерот Бојко Борисов поради корупцијата- Протести се одржаа и во најмалку десет други градови, вклучувајќи ги Варна и Бургас на Црното Море и вториот по големина град Пловдив. Во Софија, протестите на кои се осудува корупција и мафијашко однесување во членката на ЕУ се одржаа во близина на претседателството и Советот на министри. Подоцна тие се насочија кон Министерството за внатрешни работи, каде демонстрантите го осудија наводното полициско насилство на претходниот протест и побараа оставка од министерот за внатрешни работи Младен Маринов. Министерството соопшти дека го испитува инцидентот.
Во Бугарија најавено продолжување на антивладините протести
Демонстрантите бараат и оставка од генералниот обвинител Иван Гешев. Опозициските социјалисти, кои го поддржуваат претседателот Румен Радев, како и протестите, рекоа дека ќе изнесат предлог за недоверба во владата на 15 јули, истиот ден се планирани масовни демонстрации. Христо Иванов, копретседавач на опозициската Демократска Бугарија, кој ги поддржува протестите, изјави за „Радио Слободна Европа“ дека сакаат владата да поднесе оставка во рок од две недели да бидат распишани избори.