Уште еден пратеник од иранскиот Парламент почина како последица на ковид-19, соопштија денеска иранските државни медиуми. Од коронавирус почина 59 -годишниот пратеник Иса Џафари, кој е третиот пратеник што почина од почетокот на пандемијата во февруари. Од ковид-19 претходно починаа и пратениците Фатемех Рахбар, пратеник од главниот град Техеран и Мохамед Али Рамезани, пратеник од северната провинција Гилан.
Со коронавирус во април беше заразен и претседателот на Парламентот, Али Лариџани, но тој се опорави.
Денеска Министерството за здравство на Иран објави дека досега има дијагностицирано 259.652 случаи со ковид-19, а вкупно 13.032 лица починале
Иран е една од најтешко погодените земји во светот и постои загриженост дека реалните бројки се многу повисоки.
Од ублажувањето на мерките кон средината на мај, правилата за заштита сè повеќе се игнорираат, што доведува до нагло зголемување на позитивните случаи.