Нови 136 евидентирани случаи на заболени од ковид -19 и 6 починати е билансот од последните 24 часа. Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.
Најмладите починати пациенти денеска се на возраст од 42 и 43 години, додека најстариот имал 80 години.
Во изминатово деноноќие се направени вкупно 991 тестови, од кои најмногу позитвни на ковид-19 се од Скопје, вкупно 46 случаи, потоа следува Штип со 14 и Тетово со 12. Денеска биле евидентирани и 123 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 8111,бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.
Најмногу евидентирани случаи има во Скопје, вкупно 3848 од кои активни случаи се 1830. Статистиката на заболени од коронавирус по скопските општини најмногу активни случаи има во Чаир – 300, Гази Баба – 189, потоа Аеродром – 159, па Карпош со 140 и Центар со 138 и Бутел со 131.
По Скопје на листата е Тетово со 868 вкупно инфицирани од кои 320 активни случаи, па Куманово со 854 случаи од кои активни 186 и Штип со 444 инфицирани од кои 172 се активни случаи.
Во однос на туристичките локации, во Струга се евидентирани вкупно 320 случаи од кои активни 161, потоа Охрид 225 од кои активни 133, а во Ресен 138 од кои активни 82.