Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја посети воената болница во Мериленд , при што за прв пат во јавноста се појави со макса за лице, како мерка за заштита од пандемијата со ковид-19. Тој се сретна со повредени војници и здравствени работници.
Трамп претходно беше критикуван поради тоа што не носеше маска за време на средбите со официјални лица во Белата Куќа, и за време на јавните настапи. Но, пред посетата на воениот медицински центар Волтер Рид, тој изјави дека никогаш до сега не бил против тоа да се носи маска како заштита.
Ковид-19 уби над половина милион луѓе
Посетата на Трамп на воената болница доаѓа во време кога во САД се редат рекорди на новозаболени од коронавирус и преполнување на капацитетите на болниците.