Полицијата трага по разрешениот и сега поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски на повеќе локации, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Полицијата постапува по судска наредба за приведување, откако вчера не го пронашла Панчевски во неговиот дом и не бил лоциран, трага по него.
До ова дојде откако вчера на Панчевски велешкиот суд му одреди притвор, затоа што девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.
Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.