Пендаровски: Сребреница е сеќавање на опасниот вирус на нетрпеливоста кон различните

Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, на покана на Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, преку видео-порака се вклучи во одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. Тој во својот говор истакна дека геноцидот во Сребреница е без дилема еден од најмрачните настани во модерната европска историја за кој не постои никакво рационално оправдување. Пендаровски истакна дека историјата, не само на Балканот, не учи дека идеите за етнички чисти територии, секогаш водат кон трагедии.

„Дваесет и пет годишнината од геноцидот во Сребреница, се случува во период на пандемија на КОВИД-19 којшто секојдневно зема илјадници човечки животи низ целиот свет. Сребреница е сеќавање на опасниот вирус на нетрпеливоста кон различните“ истакна Пендаровски во своето обраќање.