Холандија ќе ја тужи Русија за соборувањето на малезискиот авион

Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок

Холандската влада ќе се жали во Европскиот суд за човекови права за наводната улога на Русија во соборување на малезискиот авион МХ127 во источна Украина во 2014 година. Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок изјави дека таквиот чекор е со цел да се поддржат индивидуалните случаи поднесени од страна на роднини на некои од жртвите.

„Со преземање на ваквиот начин на дејствување, владата нуди максимална поддршка на овие индивидуални случаи“, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи.

МХ17 леташе од Амстердам кон Куала Лумпур и беше соборен од руска ракета Бук, истрелана од територијата што ја контролираа сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина. Речиси две третини од 298 жртви беа холандски државјани. Роднините а 65 жртви од Холандија поднесоа жалба до судот во Стразбур.

„Како влада, имаме информации, докази, кои не водат до заклучок на вклученоста на Руската Федерација. Секако, самите роднини ги немаат сите овие информации за да можеме да им помогнеме со започнување на оваа постапка“, изјави Блок.

Судење за соборувањето на малезискиот авион во Украина