Во Белград, но и во други српски градови вчера беа одржани неколку часови мирни демонстрации. Пред платото на Собрането на Србија, каде што во претходните два дена дојде до насилни нереди синоќа протестот мина со помали инциденти. Поголемиот дел од граѓаните седеа како начин да се оградат од групите и поединците кои на протестите во претходните две вечери се судираа со полицијата. На протестот беа и лидерите на српската опозиција Драган Ѓилас, Боко Стефановиќ и Сергеј Трифуновиќ.
Вулин: Ова е обид за државен удар
Повод за дводневните протести низ повеќе градови во Србија беше најаватa на српскиот претседател Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час и рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.