Македонскиот претседател и Врховен командант, Стево Пендаровски, денеска ги посети припадниците на Армијата во Армискиот полигон „Криволак“, каде командните офицери го информираа дека почнувајќи од пред 2 месеци, инженерскиот баталјон заедно со канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД, реализираат проекти за поправка на постојната патна инфраструктура, како и за обележување и пробивање на траси за нови патни правци, соопшти Претседателскиот кабинет.
Според Пендаровски, Севрна Македонија, како 30-та земја членка на НАТО, има што да им понуди на своите сојузници во Алијансата.
- Генерал Ленгиел од Криволак: Го јакнеме сојузништвото на нашите армии
- Шекеринска: Структури кои се против НАТО и ЕУ шират дезинформации
„Полигонот за вежби 'Криволак', во кој изминатиов период се вложува многу, со цел да се модернизира армискиот полигон е еден од нашите ресурси коишто можеме да ги понудиме на НАТО“, изјави претседателот Пендаровски, соопшти неговиот Кабинет.
Со систем обиколница и внатрешно поврзување, со вкупна должина од околу 74 километри, се прави подготовка за влезови на полигонот од север, запад и од исток, а со новата инфраструктура, според планот, ќе се зголеми мобилноста во рамки на полигонот, како и капацитетот за изведување на вежби, на ранг на други развиени земји.