Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска предупреди дека пандемијата со коронавирусот и натаму се забрзува, а повеќето земји сè уште не успеале да ја стават под контрола, јави АП. Тој посочи дека од над 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во оваа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.
„Вообичаено се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не познаваат политички разлики ниту оние меѓу здравството и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на ковид-19 ги избриша сите“, рече Гебрејесус.