„Да не го давиме Белград“: Манипулација на режимот

Иницијативата „Да не го давиме Белград“ оцени дека синоќешните настани во Белград биле, како што велат, „добро режирана претстава на режимот со цел луѓето да се вовлечат во конфликти и незадоволството на граѓаните како да се прикаже како насилно“, јави МИА.

Од иницијатива оценија дека граѓаните биле „оправдано лути“ и дека „режимот се обидел да манипулира со тој гнев со вметнување на свои провокатори“.

„Многу пати сме биле сведоци на манипулации на Српската напредна партија на протести и бидете сигурни дека синоќешниот хаос е предизвикан од провокатори. Се надеваме дека денес на сите им е јасно колку е длабока узурпацијата на нашето општество од овој криминален режим на СНС“, се вели во соопштението.