Евро-групата на денешниот видео состанок ќе размени мислења за економската состојба во еврозоната, заснована врз привремената економска прогноза на Европската комисија за 2020 година. Улогата на Евро-групата во координацијата на економските политики е особено важна годинава поради обемот на политичките предизвици што произлегуваат од пандемијата со ковид-19. Министрите ќе разговараат и за состојбата на буџетот во еврозоната.
Меркел - Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година
Дискусијата треба да придонесе за подготовка на нацрт-буџетски планови и за препораки за еврозоната за 2021 година. Претседателот на Европскиот фискален одбор Нилс Тигсен, ќе го претстави неодамнешниот извештај за проценка на фискалната позиција соодветна за еврозоната.