Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што најави во вторникот, денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон. Претходно Макрон во Париз имаше средба и со косовскиот премиер Авдулах Хоти. Вучиќ при вонредното обраќање до јавноста изјави дека земјата ја очекува „тешко лето и есен“ по прашањето на Косово. Тој исто така најави дека в петок ќе имал виртуелен самит со германската канцеларка Ангела Меркел, пред продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина в недела во Брисел.
Вучиќ и Хоти во недела во Брисел
Разговорите во Брисел меѓу Вучиќ и Хоти, според очекувањата, „ќе го означи продолжувањето на дијалогот меѓу двете држави, со посредство на Европската унија“. Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина започна во 2011 година и беше суспендиран на крајот на 2018 година, поради данокот што го наметнаа косовските власти врз српската стока. Мерката подоцна беше заменета со реципроцитет, но косовската влада, предводена од Авдулах Хоти, го укина реципроцитетот два дена по преземањето на функцијата за да обезбеди шанса да продолжи дијалогот.