ОЕЦД: С. Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Министерката за финансии Нина Ангеловска

Република Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, а исто така во однос на другите земји има помалку фискални ризици. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за Западен Балкан насловен „Government at a glance: Western Balkans 2020″, соопшти Министерството за финансии.

Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите од ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД кои членки на ЕУ. Исто така, се наведува дека од сите земји од Западен Балкан многу поретко се вклучуваат во дијалог со проватниот сектор, со исклучок на Република Северна Македонија која одржува дијалози на редовна основа.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска учествуваше на онлајн промоцијата на извештајот, кој се изработува за прв пат од ОЕЦД и содржи над 40 индикатори кои се однесуваат на јавна администрација, јавни финансии, буџетски пракси и процедури, јавни набавки, дигитална влада итн.