Германија беше и ќе остане доверлив партнер Северна Македонија и ќе продолжи да ја поддржува со сите расположливи сили, истакна новата германска амбасадорка во Скопје, Анке Гизелa Холштајн на денешното предавање на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски во вила „Водно“.
Амбасадорката Холштајн, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, оцени дека Северна Македонија во изминатите години спроведе важни чекори на патот на евроатлантските интеграции.
Претседателот Пендаровски истакнa дека Германија е најважен економски и трговски партнер на Северна Македонија, со трговска размена преку четири милијарди евра на годишно ниво, соопштија од Претседателскиот кабинет.