Мека затворена поради коронавирусот: милиони аџии разочарани

На сликата направена на 23 јуни 2020 година се прикажани неколку верници кои ја изведуваат молитвата Ал-Фајр во Кааба, најсветиот исламски храм, во светиот град Мека на Саудиска Арабија.

Многу муслимани во Централна Азија со години штедат пари и чекаат да одат на аџилак. Всушност од сите способни муслимани се очекува да го направат тоа барем еднаш во животот. Но, аџилакот за сите кои живеат надвор од Саудиска Арабија ќе остане само желба поради коронавирусот, оставајќи многумина да се прашуваат дали да чекаат до следната година или да ги донираат парите.

Ширин Назирмадова, лекарка од јужен Таџикистан, со години штеди да си дозволи аџилак, што се бара од сите муслимани, еднаш во животот.

Но, како милиони други, патувањето од соништата на Назимирдова беше разнишано кога Саудиска Арабија во минатиот месец реши да им забрани на странските посетители да дојдат со цел да го ограничи ширењето на коронавирусот.

Ковид-19 во Централна Азија зема замав, мерките се враќаат

Саудиските власти соопштија дека на околу 1.000 луѓе - само жители на Саудиска Арабија - ќе им биде дозволено да го направат годишниот аџилак, кој започнува на 28 јули и завршува на 2 август.

Секој што ќе учествува мора да биде на возраст под 65 години и да е тестиран за коронавирус пред да влезе во светите муслимански градови Мека и Медина.

болница во Таџикистан

60 годишната Назирмадова за РСЕ изјави дека нема да чека уште една година за да добие шанса да ги посети исламските свети места што се надеваше дека ќе ги види годинава.

Наместо тоа, таа ги донирала парите што ги заштедила во нејзината локална болница за да помогне во борбата против коронавирусот.

Селската болница ги искористила парите за да набави опрема за лична заштита за вработените, како и лекови и антисептици.

Коронавирусот ги менува традициите за Рамазан Бајрам

Тие се во недостиг во недоволно финансираните таџикистански болници низ осиромашената земја од Централна Азија со околу 9,5 милиони луѓе.

Како искусна лекарка, Назирмадова е во првите редови на борбата против вирусот.

Така, наместо во Мека да ја посети Кааба - куќата на Алах - и да фрла камчиња на столбовите во Мина при Каменувањето на ѓаволот, таа ќе работи во болницата за да лекува луѓе со ковид-19 и други пациенти.

Нови правила и регулативи

Маските на лицето и ракавиците се очекува да бидат дополнителен дел од вообичаениот едноставен, бел кодекс на облекување, бидејќи саудиските власти се обидуваат да се справат со една од највисоките стапки на инфекција во светот, бидејќи повеќе од 217,000 луѓе се регистрирани со коронавирусот заклучно со јули 7.

Во кралството досега од ковид-19 починале 2.017 луѓе.

Потрагичен биланс од тоа на Блискиот Исток имаат, само Иран, Египет и Ирак.

Туркменистан вели дека нема коронавирус, но не сака СЗО да провери

Правилата за физичко дистанцирање, проверките на температурата и користењето средства за дезинфекција, се дел од постојните мерки на саудиските власти за безбедно здравје.

Групата од 1.000 луѓе е мал дел од нормалниот аџилак кој е најголем светски собир на муслиманите.

Мека, 2019 година

Во минатата година, на аџилак присуствуваа околу 2,5 милиони луѓе.

Поради кризата со коронавирусот, Саудиска Арабија го суспендираше и таканаречениот „умра“, помалиот аџилак што - за разлика од хаџот - може да се изврши во кое било време од годината.

Во земјата во последниве години доаѓаа по околу 7 милиони “умра” аџии годишно.

„Ќе ги искористам моите шанси“

Според строгиот систем на квоти што е договорен меѓу таџикистанските и саудиските власти, Таџикистанците понекогаш чекаат од пет до шест години за да дојде нивниот ред да заминат на аџилак.

Сменет таџикистанскиот министер за здравство по првите случаи од коронавирус

Бројот на апликанти значително ја надминува годишната квота на Таџикистан од околу 6.000 учесници.

Слични долги чекања има и во другите земји од Централна Азија, Киргистан, Казахстан, Узбекистан и Туркменистан.

илустрација

Д-р Назирмадова не знае дали ќе може да собере пари за аџилак во идната година.

Патувањето – иако е потпомогнато од државната Комисија за верски работи - чини 3.700 долари по човек.

Тоа е огромна сума за таџикистанскиот селски доктор, кој заработува околу 150 американски долари месечно.

Запрашан од РСЕ, портпаролот на комисијата Афшин Муким вели дека на оние што биле во квотата во 2020 година ќе им биде дадена шанса да го направат аџилакот следната година ако сакаат.

хуманитарна акција во Таџикистан

Но, комитетот не е во состојба да гарантира дека цената - што треба да се плати во долари - ќе остане иста во 2021 година.

„Цената е иста во [долари] во последните седум до осум години“, вели Муким.

„Но, бидејќи таџикистанската национална валута, сомони, ја губи својата вредност [во однос на доларот во последните години], цената на патувањето порасна”.

СЗО: Земјите со сериозни епидемии на коронавирус да се разбудат

Според тековните курсеви, патувањето на аџилак чини околу 38,000 сомони, додека пред осум години беше скоро 19,000 сомони.

Платите остануваат ниски, а стапката на инфлација е висока, со што е малку веројатно дека цената на патувањето ќе биде помала за обичните Таџикистанци во следната година.

Таџикистан има свои правила во изборот на кандидати за аџилак. Апликантите мора да бидат над 40-годишна возраст и да бидат проверени од локалните власти.

хуманитарна акција - Таџикистан

„Покрај тоа, не знаеме дали вирусот ќе исчезне до моментот на следниот аџилак“, вели Салохидин Мирзоев, 56-годишен возач од селото Хирманак, на околу 15 километри западно од главниот град Душанбе.

И Мирзоев, се најде на годинашниот список откако се пријави во 2015 година.

„Секој муслиман сонува да оди на аџилак. Се надевам дека ќе го направам следната година“, додава тој.