Вучиќ најави полициски час за викендот во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Од среда 8 јули во Белград ќе биде забрането секое јавно собирање на повеќе од 5 лица и во затворени простории и на отворено, а од петок до понеделник се воведува полициски час, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Мерките се воведуваат заради влошена епидемиолошка ситуација поради епидемијата на коронавирусот, а ситуацијата според Вучиќ е најтешка во Белград.

Тој објасни дека ќе биде овозможено во одредени моменти излез на мајки со деца, пензионери и сопственици на домашни миленици.

„Најтешкиот бран на коронавирусот го очекуваме околу 1 ноември“, рече Вучиќ.