Можни нови мерки на границите поради коронавирусот во соседството

Македонско - српски граничен премин Табановце во време на пандемија од Ковид-19

Бројката на новозаразени во соседните земји се зголемува и поради тоа, можно е воведување нови мерки за влез во земјата. Комисијата за заразни болести веќе разговарала за зголемениот број на заразени во соседството. За време на изминатиот викенд немало индикација за поголема опасност од влезот на граѓаните од соседните земји, но се чекаат информации од повеќе центри за јавно здравје од градовите од Косово и од Србија. Врз основа на добиените податоци, следните два дена ќе се одлучува дали ќе се преземат мерки на границите.

Во делови од Косово повторно полициски час поради Ковид-19

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579. Според министерот за здравство, Венко Филипче, ако нема придружување до мерките и има зголемена трансмисија на вирусот и поголем број пациенти, повторно ќе се воведат рестриктивните мерки. Есента е апсолутно ризичен период, не само за нас, туку и за сите земји, изјави Филипче.