Рускиот суд прогласи новинарка за виновна поради коментар

Светлана Прокопјева пред судот

Во контроверзниот случај кој се критикуваше како напад врз слободата на говорот, рускиот суд ја прогласи новинарката Светлана Прокопјева за виновна за „оправдување тероризам“.

Судот во западниот руски град Псков денеска ја објави и и нареди на Прокопјева да плати казна од 500.000 рубли (околу 6.950 американски долари). Таа изјави дека ќе поднесе жалба против оваа одлука.

„Не очекував да бидам прогласен за виновна. Ќе поднесеме жалба. Сепак најголем успех е што не ми е забрането да работам во мојата професија“, изјави новинарката.

Прокопјева, која работи како соработник за рускиот сервис на Радио Слободна Европа го опиша случајот како обид за „убиство на слободата на говорот“ во Русија.

„Пресудата на Светлана значи дека не постои претпоставка за невиност, ниту заштита на новинарите од бруталната сила на државата. Нејзиниот случај потсетува на судски процеси што ги користеа советските власти за казнување на критичарите. Тоа е ужасен напад врз слободата на говорот и мисијата на независните медиуми“, изјави вршителот на должноста претседател на РСЕ, Дејзи Синделар.

Обвинителите побараа судот да и изрече казна на Прокопјева од шест години затвор поради „оправдување на тероризмот“ во коментар во кој гповрзува самоубиствен напад со политичката клима во земјата. Тие исто така побараа да и биде забрането да работи како новинар четири години.

Повеќе од 30 независни руски новинари најавија поддршка на Прокопјева. Хјуман рајтс воч ја осуди тужбата против Прокопјева, нарекувајќи ја повреда на слободата на изразување, и тоа не само „нејзината“ слобода на изразување.

Таа е обвинета за коментар што го напиша во ноември 2018 година во кој зборуваше за бомбардирањето пред Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Руските медиуми објавија дека осомничениот напаѓач кој починал во експлозијата ја обвинил ФСБ за мешање во кривични случаи во своја објава на социјалните мрежи.

Во својот коментар Прокопјева, ја поврзува неговата изјава со политичката клима под владеењето на претседателот Владимир Путин додавајќи дека политичкиот активизам во земјата е сериозно ограничен, што ги доведува луѓето во очај.