Нови 78 случаи на Ковид-19, починати 5 и оздравени 172

Илустрација

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, петмина починати пациенти и 172 оздравени, соопшти Министерството за здравство. Новозаразените се регистрирани во Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1 и Свети Николе-5.

„Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројот на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.