Во неколку косовски градови од денеска се воведува полициски час поради зголемениот број на случаи на коронавирус, соопшти денеска косовскиот премиер, Авдулах Хоти. Во Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн движењето ќе биде забрането од 21 часот до 5 часот наутро, а работата на рестораните се ограничува само на летни тераси и со достава.
Хоти најави дека ќе бидат обезбедени поголем број тестови за да може дневно да се прават и по 500 тестирања. Планирана е реорганизација на Универзитетскиот клинички центар, но и ставање на располагање на приватните болници.