Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се цел на напад од „новиот екстремно левичарски фашизам“ кој се занимава со „тоталитарно“ однесување против американските вредности и историја.
Тој во пресрет на Денот на независноста од планината Рушмор им порача на неколку илјади приврзаници дека споменикот на кој се прикажани четворица претседатели врежани во планината на Јужна Дакота, никогаш нема да биде уништен.
Трамп ја осуди гневната толпа која според него, ги уништува статуите и предвикала бран на насилство низ градовите по повеќе од еден месец протести против расизмот и нееднаквоста предизвикана од убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, од страна на полицијата во Минеаполис.
Некои од протестите се насилни и доведоа до уништување на имот, а активистите уништија или оштетија споменици на Конфедерацијата и статуи посветени на про-ропството на југот во американската граѓанска војна. Други активисти побараа отстранување на сите симболи на расизам.
Убиен маж на антирасистички демонстрации во САД
Трамп предупреди дека „левичарската културна револуција е дизајнирана да ја собори американската револуција“, да ги индоктринира децата и да ги избрише вредностите и историјата на земјата.
Тој предупреди и на растечката распространетост на откажување на културата и „новиот екстремно левичарски фашизам, кој бара апсолутна верност“.
„Ако не го зборувате неговиот јазик, ги извршувате неговите ритуали, ги рецитирате неговите мантри и ги следите неговите заповеди, тогаш ќе бидете цензурирани, протерани, ставени на црни списоци, прогонети и казнети“, рече Трамп.