Околу 7.000 граѓани досега, поради корона кризата, пријавиле дека ги загубиле своите работни места со спогодбен отказ или изјава, изјави денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, но додаде дека точните бројки ги има Агенцијата за вработување.
„Последната бројка што ја имам е околу 6.000 - 7.000 лица, но, би ве упатила на Агенцијата за вработување да ви дадат точен и прецизен одговор, до каде се со обработка на тие барања и колку ги реализирале позитивно“, рече Царовска.