Нови 173 заразени со коронавирус, починаа 15 луѓе

Архивска фотографија- пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу од новозаболените се во Скопје-75, потоа следуваат Струга-14, Охрид-10, Тетово и Куманово по девет, Штип осум, Гостивар седум, Прилеп, Свети Николе и Дебар по шест, Кочани четири, Кичево, Ресен, Велес, Кавадарци по три, Гевгелија двајца и Струмица, Крушево, Пробиштип, Берово и Валандово по еден новозаболен.

Од таму информираат и дека починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

По општини во Скопје, каде што има активни 2010 случаи, до вчера троцифрени бројки заболен има во Чаир– 422, Гази Баба – 177, Бутел – 162, Карпош – 160, Сарај – 155, Аеродром – 154, Центар – 141, Кисела Вода – 114, Ѓорче Петров – 110 и Студеничани – 110. Двоцифрени бројки има во општините Шуто Оризари – 88, Арачиново – 51, Илинден – 32, Чучер Сандево – 20, Петровец – 17, Сопиште – 13, а во Зелекиново има четворица болни.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.