Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60 отсто од 10 милиони заболени во светот се регистрирани во јуни, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее, пренесе АП.
Директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрејес, рече дека се регистрираат до 160.000 случаи дневно и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против коронавирусот.
„Пронајдете, изолирајте и водете сметка за секој случај, следете ги и ставете ги во карантин сите нивни контакти, обучувајте ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и оспособете ги граѓаните за да можат да се заштитат себеси и другите“, рече Тедрос.