Бројот на загинати рудари од свлечиштето во рудник за жад во Мјанмар се зголеми на 110, јави германската новинска агенција ДПА. Претходните информации беа дека се загинати 50 рудари, но спасувачките служби стравуваа дека тоа не е конечната бројка.
Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови. Мјанмар се смета за еден од најголемите производители на жад во светот, но во нивните рудници често пати доаѓа до несреќи.