Германскиот производител на автомобили Фолксваген денеска соопшти дека се откажува од изградбата на нова фабрика во Турција, зашто поради наглиот пад на побарувачката на автомобили ширум светот предизвикан од пандемијата на коронавирус, не се потребни нови производствени капацитети.
Фабриката која требаше да биде изградена за 1,3 милијарди евра во Маниса, на егејскиот брег на Турција, требаше од 2022 година да произведува по 300 илјади возила годишно: Фолксваген пасат и Шкода Суперб за пазарите во Источна Европа и Блискиот Исток.
Проектот наиде на остри критики од германските синдикати, а беше запрен откако турската војска влезе во Сирија.
Фолксваген соопшти дека планираното производство ќе го оствари во постојните фабрики.