Министерката за финансии денеска на својот официјален Фејсбук профил објави дека наградната игра „Мој ДДВ“ се прилагодува на Ковид-19 состојбата и дека ќе има поголем број дневни награди од по 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија
Министерката најави и променети износи на награди за месечните и главното извлекување.
- „Купувајте домашно“, ама изборот паѓа на странско
- Продавачите ги фрлаат, купувачите ги собираат и скенираат сметките
Наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари, информираше Ангеловска.