„Еко маало“ - прва едукативна друштвена игра за еко навики

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Поголемо знаење за еколошки навики преку друштвени игри. Ова е идејата на граѓанското здружение „Еко логик“, кое ја создаде „Еко маало“, прва образовна друштвена игра за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Играта е достапна на онлајн платформата „Тејблтопиа“ до која може да се пристапи и преку мобилен телефон и преку компјутер.