Политичките чинители да ги почитуваат законите, да водат фер и демократска кампања, а граѓаните до МВР да пријават секаква активност насочена кон кршење на избирачкото право или каква било нерегуларност, а секако да внимаваме и на здравјето во оваа ситуација со Ковид-19, порачаа на денешната заедничка прес-конференција, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
„Воопшто нема дилема и овие избори треба да бидат кристално чисти“, истакна министерот Чулев и информираше дека е формиран Републички изборен штаб со кој раководи директорот на БЈБ , а во фаза се обуките на полициските службеници за соодветно постапување во соработка со ОБСЕ.
- Гласајте за нас - не дај боже ако победи оној другиот
- Чулев: Криминални структури ќе бидат искористени за поткуп и притисок врз гласачите
За Деркоски овие јубилејни 10 – ти избори се исклучително важни затоа што, како што рече, се клучот за нашиот влез на европската врата, но и дека освен на заштита на избирачкото право, треба да внимаваме и на здравјето на изборните органи и на здравјето на граѓаните.