Трамп сподели видеото со расистичка порака, па го избриша

Американскиот претседател Доналд Трамп 

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели видео на својот профил на Твитер во кое неговите приврзаници извикуваат „бела моќ“, расистички слоган поврзан со белата надмоќност. Тој подоцна го избриша твитот и Белата куќа објави дека претседателот не ja слушнал „изјаватa“ на видеото. Видеото е снимено во мал град во Флорида, населено со пензионери, и прикажува дуел меѓу демонстрантите кои го поддржуваат Трамп и неговите ривали. Видеото што го сподели ги прикажува луѓето во колички за голф украсени со пароли и знамиња на Трамп додека викаат „бела моќ“. На видеото може да се видат и противниците на Трамп кои извикуваат „нацисти“ и „расисти“ кон неговите приврзаници.

Убиен маж на антирасистички демонстранции во САД

„Нема сомнение дека Трамп не требаше да го објави видеото и дека требаше да го избрише“, рече сенаторот Тим Скот, единствениот црн републиканец во Сенатот. Набргу потоа, Трамп го избриша твитот. Неговото објавување со расистички слоган доаѓа во време на расните тензии, дебата за системска дискриминација и големи протести, откако еден полицаец го задави Афроамериканецот Џорџ Флојд кон крајот на минатиот месец.