Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19. Повторно, најголем број се во Скопје, 61, потоа следуваат Тетово со 22 случаи, Струга 19, Штип и Охрид по 14, Куманово осум, Гостивар седум, Кичево шест, Ресен, Прилеп и Велес по пет, Битола три, Кочани два и по еден случај во Дебар, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево.
Во последното деноноќие, како што се информира,починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата досега изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.