Челниците на Европската унија кои беа домаќини на донаторска конференција за глобалната борба против Ковид19 соопштија дека собрале речиси седум милујарди долари за развој на вакцини, тестови и лекови за новиот коронавирус.
Претседателката на комисијата, Урсула вон дер Лејен беше домаќинка на самитот на кој вчера учествуваа светски лидери, а потоа следуваше и онлајн концерт со големи музички ѕвезди. Од комисијата соопштија дека и пред настанот собрале 10 милијарди евра за истата цел.
На онлајн самитот учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и други политичари и академици. На концертот пак настапија Шакира, Џастин Бибер, Ашер, Мајли Сајрус, Колдплеј и други.