Разрешен директорот на Центарот за јавно здравје- Зибери

Арбен Зибери

Министерството за здравство соопшти дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.

„Зибери е разрешен заради пласирање неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот,“ наведуваат во соопштение од Министерството за здравство.

За нов в.д .директор на институцијата е назначен Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Филипче ќе бара разрешување на Зибери

Министерот за здравство, Венко Филипче претходно најави смена на Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.

Зибери му одговори на Филипче: Имам право на политички ставови

Зибери преку социјалните медиуми му порача на министерот Венко Филипче кој најави негово разрешување, дека никогаш не ја злоупотребил институцијата со која менаџира. Зибери најавата за негово разрешување смета дека има изборна позадина.