Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот ремдесивир за пациенти со коронавирус. „Ремдесивир е првиот лек против ковид-19 што се препорачува за употреба во ЕУ“, соопшти Агенцијата, додавајќи дека препораката сега треба да биде разгледана од Европската комисија. Препораката се однесува на третман на заразени со коронавирус, односно возрасни и млади од 12 години кои имаат пневмонија и имаат потреба од дополнителен кислород.
Пробив против ковид-19, евтин лек спасува животи
Притоа се цитира една студија која покажала дека пациентите со коронавирус и третирани со овој лек се опоравиле побрзо од другите пациенти кои не земале антивирусен лек. Употребата на ремдесивир што се користи за лекување на ебола е дозволена во болниците во САД и Јапонија.