Денеска се отвораат границите, без тест и карантин

илустрација

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПСР тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Премиерот Оливер Спасовски оцени дека оворањето на границите не е никаква политичка одлука донесена во корелација со изборите. “Европската унија ги отвори границите за државите членки на ЕУ, а од 1 јули се најавува и кон трети земји каде ќе бидат и државите од целиот наш регион така што ние мора да се научиме дека треба да живееме со вирусот”, рече Спасовски.

Неизвесно отворањето на европските граници за Македонија, Албанија и Косово

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПСР тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со исклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките.