Косовскиот премиер Хоти во Брисел, не оди во Вашингтон

Премиерот на Косово Авдулах Хоти

Премиерот на Косово Авдулах Хоти денеска во Брисел на ќе се сретне со лидерите на европските институции и со претставници на Европскиот парламент. Хоти на Твитер објави дека, поради ситуацијата предизвикана од обвинението на Специјалното обвинителство, го известил американскиот специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, дека не може да присуствува на состанокот на 27 јуни.

Тачи ја откажа средбата со Вучиќ во Белата Куќа


„Поради новите случувања во Приштина по обвинението поднесено од Специјалното обвинителство, морам да се вратам во мојата земја за да се справам со оваа состојба. Го известив амбасадорот Гренел дека не можам да присуствувам на состанокот на 27 јуни во Белата куќа”, наведе косовскиот премиер на Твитер.