Американското судство нареди да прекине гонењето на поранешниот советник на претседателот на САД, Мајкл Флин, кој призна дека ја лажел федералната полиција за контактите со руски дипломат. Сојузниот апелационен суд донесе пресуда во корист на републиканската администрација, која ги повлече обвиненијата против генералот Флин во мај.
Трамп-Путин „ресет“ - дипломатија зад сцена
Опозицијата го критикуваше политичкото мешање, а судијата Емет Саливан одби веднаш да го затвори случајот. Мајкл Флин, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа, призна дека лажел во истрагата на ФБИ за неговите контакти со Русите што беше спроведена за врските меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија.