Главната безбедносна закана во Северна Македонија се повратниците од ИСИС, се вели во годишниот извештај на Стејт Департментот за тероризмот во светот во 2019 година. Во него е наведено дека Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот проценува дека 156 македонски државјани се приклучиле кон терористичките групи во Сирија и Ирак, од нив 36 се загинати, 37 останале на боиштата а 83 се вратиле во Северна Македонија. Во извештајот е наведено дека во текот на изминатата година не се регистрирани терористички инциденти во Северна Македонија и дека соработувала со американските сили и е член на Глобалната коалиција за пораз на ИСИС.
Во извештајот е истакнато дека македонската законодавна рамка за гонење на поединци и групи за кои постои сомневање дека извршиле или помагале во терористички активности или учествувале во странски војни е соодветна.
„Но ниските казни за кривични дела поврзани со тероризам и натаму останува предизвик“ се вели во извештајот на Стејт Департментот.
Во продолжение се наведени примери за пресуди за шестмина повратници од ИСИС во 2018 година кои биле осудени на 6 години казна затвор по одлуката на Апелациониот суд која процедурата ја вратила отпечаток.
Во сегментот борба против финансирање на тероризам е наведено дека македонската канцеларија за финансиско разузнавање во текот на 2019 година примиле извештаи за 6 сомнителни трансакции за финансирање на тероризам и дека истите ги доставиле до релевантните институции за понатамошна обработка.
Стејт Департментот го оцени како „задоволително“спроведување на Националната стратегија за борба против насилен екстремизам.