Насер Зибери кандидат на ДУИ за премиер

Седиштето на ДУИ во Мала Речица

ДУИ денеска го промовираше Насер Зибери како нивен кандидат за прв премиер Албанец.

„По интензивните консултации со граѓанското општество, академскиот свет, стручно и креативно мислење, стигнавме до обединувачкото и заслужно име на кандидадтот за првиот Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на промотивната конвенција во Преспа каде партијата ја започна предизборната кампања.

Зибери рече дека е убеден во тоа оти е дојдено времето за целосна еднаквост.

„Искрено, бев изненаден и секако, се чувствував ценето. Да бидам потполно искрен, си помислив дека ова не само што ќе го промени мојот живот, туку е и голема одговорност. Не е лесна одлука да се донесе, и нема многу време за размислување. Но, челикот се кали во оган и за поединецот се суди според одлуките што ги носи за социјалното добро, затоа реков, да“, рече Зибери.

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети против барањето премиер Албанец

Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Во минатото беше висок функционер на ППД, а во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски. Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, и работи како нотар.