ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети против барањето премиер Албанец

„На овие избори ние целиме кон првиот премиер Албанец и ако Албанците се обединат зад ова кауза, ние тоа ќе го оствариме. Со еден силен и унифициран албански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец, бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците“, порачаа од Демократската Унија за интеграција преку соопштение до јавноста.

Според ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против тоа Албанците да биле на врвот на власта, но ако заедницата се обедини, нема да можат да ги спречат. Од ДУИ додаваат дека СДСМ и ВМРО може да имаат многу разлики, но кога станува збор за неприфаќање на aлбанската заедница во врвот на власта, тие се исти.

„Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи“ – е тоа што денеска го изјави претседателот на ВМРО Мицковски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за премиер Албанец, истакнувајќи дека „ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада“, се наведува во соопштението од ДУИ.