Владата на седница го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11 март годинава, а пред почнување на вонредната состојба на 17 март.
Со приложување на лична писмена изјава до работодавачите, покрај добиена потврда од матичен гинеколог, отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.