Директорот на Светската здравствена организација(СЗО), Тедрос Адамон Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот се забрзува и дека е пријавен најголем број на новозаболени во еден ден – 150 илјади новозаболени. Тој на прес-конференција рече дека речиси половина од новите случи кои се пријавени вчера се во Јужна и во Северна Америка, а значаен број има и во Јужна Азија и на Блискиот исток.
„Светот се наоѓа во нова опасна фаза. Вирусот и натаму брзо се шири, уште е смртоносен, а голем дел од луѓето и натаму се неотпорни“, рече Гебрејесус.
Тој предупреди дека за запирање на вирусот неопходни се мерките за ко одржување на растојание меѓу луѓето, носење маски и миење раце.
Според последните податоци на СЗО во светот има 8, 33 милиони регистрирани случаи на заразени со вирусот, а од него починале 449.182 луѓе.