Во изминатите 24 часа се регистрирани 156 нови случаи на коронавирус, од кои 100 во Скопје, а шестмина луѓе починале, информира Министерството за здравство. Освен во Скопје, нови случаи се регистрирани во Тетово – 19, Куманово 11, Штип и Велес по 6, Кочани 3, Струга 2 и по еден нов случај во Дебар, Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Кратово и во Свети Николе.
Четворица од починатите се од Скопје, а двајца од Тетово, на возраст меѓу 66 и 74 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти, од кои по 10 во Скопје и во Тетово.
Во последните 24 часа биле направени 1227 тестирања
Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.