Лидерите на Европската унија на денешниот состанок ќе се обидат да ги намалат разликите во врска со стимулативен пакет, односно помошта за заживување на економиите на ЕУ, зафатени со пандемијата на коронавирусот. Шефовите на 27-те влади на ЕУ треба да учествуваат на видео конференција за да разговараат за закрепнувањето за блокот, кој загуби повеќе од 100.000 животи во пандемијата и се соочува со невидена економска криза. Состанокот доаѓа во услови на загриженост дека понатамошните расправии и одложувања ќе ја оштетат довербата на јавноста.
Ковид-19: добра превенција и лоша економија
Лидерите треба да разговараат за следниот заеднички буџет на ЕУ вреден повеќе од трилион евра за 2021-27, како и за фондот за наплата што ќе биде надополнет со задолжување на предложените 750 милијарди евра. Помошта ќе се исплати главно меѓу земјите што се најтешко погодени од пандемијата, како Италија и Шпанија, но многу разлики сè уште мора да бидат решени пред да се постигне неопходниот едногласен договор.
ЕК е за отворање на границите за Западен Балкан од 15 јули
Германската канцеларка Ангела Меркел, која рече дека пандемијата е најтешката криза со која Европа се соочила од Втората светска војна,смета дека на ЕУ итно и е потребен договор за својот повеќегодишен буџет и за фондот за обновување. „Пандемијата откри колку е кревок европскиот проект“, рече Меркел пред парламентот во Берлин,