Од регистрираните 182 нови случаи со ковид-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи.
Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба – 128 што е за 14 повеќе од вчера, во Аеродром има 125, односно шест повеќе, во Центар121, односно во последните 24 часа се регистрирани седум нови заболени, во Бутел 12 нови, со што бројот изнесува 118, во Сарај 105 односно за десет повеќе заболени од вчера, а во Карпош 103, односно три новорегистрирани.
Активни случаи има и во Кисела Вода – 80 , Ѓорче Петров – 62, Студеничани – 71, Шуто Оризари – 51, Арачиново – 38, Илинден – 24 , Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 , Сопиште – 12 , Зелениково – 1, тројца се странци, а четворица се нераспределени.
Како што информираше министерството за здравство од 182 новорегистрирани случаи, по Скопје следат, Тетово со нови 23 случаи, Куманово 14, Ресен 13, Охрид 6, Струга 5, Штип и Гостивар по четири, Битола два и по еден нов случај во Струмица, Кочани, Берово и во Неготино.
Во болницата „8 Септември“ починале петмина пациенти заболени од коронавирус, од кои кај тројца вирусот е потврден посмртно. Еден пациент почина во болницата во Куманово.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата досега изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.