Пробив против ковид-19, евтин лек спасува животи

дексаметазон

Истражувачите од Универзитетот Оксфорд објавија дека обичен, евтин стероид, наречен дексаметазон, може да помогне во зачувување на животите на пациентите во критична состојба заболени од ковид-19. Стероидот веќе се пропишува за случаи на ковид-19 низ цела Британија и се очекува да биде дистрибуиран и низ целиот свет.

Лекот, како што наведуваат истражувачите во Оксфорд,ги намали стапките на смртност за една третина кај повеќе од 2.000 тешко болни.

Подобрувањата се забележани само кај пациенти сериозно болни со ковид-19, а не и кај пациенти со поблага болест.

дексаметазон

Питер Хорби професор по нови инфективни заболувања, на Универзитет Оксфорд во врска со дексаметазонот вели:

“Тоа е стар лек. Некои луѓе би можеле да кажат дека е многу досаден лек. Постои веќе 60 години, но е многуевтин".

Дексаметазон може да ја намали смртноста од Ковид - 19

Тој додава дека кај пациенти кои имаат потреба од кислород и имале ковид-19, лекот брзо го намалува ризикот од смртност.

Според него, постои уште една група на пациенти, на кои не им е потребен кислород, но имаат ковид-19, и кај овие пациенти лекот немал некакви ефекти.

“Значи, тоа не е лек што би го користеле општо или за амбулантски пациенти или кај пациенти кои немаат потешкотии при дишењето; но кај пациенти со проблеми во дишење, навистина се појавува доста значаен ефект.”

илустрација

Најважно, според него, е што самиот лек е многу широко достапен, во сите аптеки, во секоја болница и е исклучително евтин.

“Вкупната цена на лекување на осум пациенти е само околу 40 фунти. Значи, ова е навистина забележително и ние сме крајно задоволни од овој резултат“, вели професор Хорби.

Франција официјално забрани хидроксихлорокин за лечење на коронавирусот

Иако резултатите од студијата се прелиминарни, истражувачите велат дека лекот веднаш може да стане стандардна нега кај тешки случаи.

Светската здравствена организација, по ваквите резултати од клиничкото испитување што ги покажаа обичен, евтин стероид, соопшти дека ќе ажурира своите упатства за лекување на пациенти со коронавирус

генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус

„Ова е првиот третман што се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со ковид-19 на кои им е потребна поддршка од кислород или вентилатор“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, додавајќи:

“СЗО ќе ја координира мета-анализата за да го зголемиме нашето целокупно разбирање за оваа интервенција”.

Европската Унија размислува да даде „зелено светло“ за лекот ремдесивир

Клиничките упатства на СЗО бараат да се искористат најновите податоци за да се информираат медицинските професионалци за тоа како најдобро да се справат со сите фази на ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус.

Бил Гејтс

Дексаметазонот, кој е користен уште од 60-те години на минатиот век за намалување на воспалениа кај болести како што е на пример артритис, може да биде од голема помош во посиромашните земји со голем број пациенти со ковид-19.

Истражувањето е финансирано од владини здравствени агенции во Британија и приватни донатори, вклучувајќи ја и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Според најновите податоци во светот се регистрирани повеќе од 8,36 милиони луѓе заразени од коронавирусот, додека 447.985 починале.