Борисов го обвини Радев дека го шпионирал со дрон

премиерот Бојко Борисов

Не стивнуваат реакциите во Бугарија откако вчера премиерот Бојко Борисов го обвини претседателот Румен Радев дека го шпионирал со дрон, по објавувањето фотографии од лидерот на конзервативната „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) како спие во спална. Радев, кој ја има поддршката на Бугарска социјалистичка партија (БСП), се очекува денеска да одговори на обвинувањата дека опозицијата се обидува да ја компромитира Владата на Борисов со цел да се блокира подлабока интеграција на земјата во ЕУ. На една од фотографиите се гледа како разголениот Борисов спие до шкафче во кое има купчиња банкноти од по 500 евра. Над шкафчето е оставен и пиштол и стар модел на телефон со приклучени слушалки.

Захариева: Предизборни лажни вести за Бугарија во С. Македонија

По втор пат во една седмица до медиумите се испратени компромитирачки информации против Борисов. Пред неколку дена, анонимно беше објавена аудио снимка, на која се слуша глас кој многу потсеќа на Борисов како на непримерен начин ги коментира претседателот на бугарскиот парламент и заменикот премиер. Обвинителството почна истрага за овие снимки за да утврди дали настанале со незаконско прислушување или се измонтирани со цел да му се нанесе штета на Борисов.