Кремљ инсталирал специјален тунел за дезинфекција со цел да се заштити рускиот претседател Владимир Путин од коронавирусот, јавија медиуми од земјата. Тунелот е поставен во резиденцијата на претседателот во Ново Огарјово. Неговиот портпарол, Дмитри Песков изјави дека такви два тунели биле поставени и во Кремљ.
„Кога станува збор за шефот на државата, дополнителни мерки на претпазливост се оправдани“, изјавин Песков.
Тој додаде и дека тунелите се поставени кога Русија се соочува со замав на вирусот. Тунелот наликува на безбедносните скенери на аеродромите и кога ќе помине одредена личност низ него испушта средство за дезинфекција.
Руските власти денеска соопштија дека се регистрирани нови 7843 случаи на Ковид-19. Вкупно во државата досега се заразиле 553.301 лице, а повеќе од Русија случаи има во САД и Бразил.